Фудбалерите на Новаци си пораз ја започнаа новата сезона во Втората лига. Викендов на „Билјанини извори“ во Охрид, во борбен и неизвесен натпревар домаќинот славеше над Новаци со 2-1. Победата на Охрид му ја донесе Антонио Каланоски со два погодоци.
Во останатите натпревари денеска, Македонија Ѓорче Петров ремизираше дома со Тетекс 1-1, Работнички убедливо го совлада Кожуф со 3-0, Брера забележа победа од 2:- над Еуромилк, Беласица минимално го совлада Осогово со 1-0, а Детонит Плачковица забележа победа на гости од 0-2 над Шкупи.
Колото се комплетира утре со натпреварот помеѓу Пелистер и Камјани.





