Второлигашот Новаци зад себе остави одлична недела. По победата над Големо Коњари и ремито во Радовиш, екипата на Дарко Крстески запиша нов домашен триумф.
Екипата на Новаци со убедливи 4-0 ѝ го нанесе десеттиот пораз на Слога Виница. Хет-трик во мрежата на ривалот постигна Стефан Јовановски, додека еден гол даде Петар Љамчевски.
Новаци е шестопласиран на табелата со 20 бода. Во следното коло, за две недели, Новаци гостува кај Беласица.





