Овче Поле е првиот ривал на Еурофарм Пелистер 2 во Купот на Македонија

Денес во седиштето на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за елиминациското коло од Купот на Македонија.

Според резултатите од минатата сезона, 18 екипи беа поделени во два шешири, а од нив ќе се борат за влез во четвртфиналната групна фаза. Победниците од овие девет двојки ќе се приклучат на седумте тимови кои директно обезбедија место во групната фаза, меѓу кои се и Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид, Бутел Скопје, Тиквеш, Пролет .

Куп на Македонија:
Текстилец – Младост Богданци
Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2
Кичево – Драчево Јуниор
Јехона – Радовиш
Мулти Есенс – Вардар Неготино
Струга – Аеродром
Шампион – Куманово
Македонија Ѓорче Петров – Преспа
Прилеп – Партизан Гевгелија

Елиминациските натпревари се закажани за 25 и 26 февруари, додека групната фаза стартува на 7 и 8 март. Финалниот турнир, пак, ќе се одигра во април или мај, каде ќе се реши кој ќе го подигне трофејот.