Прва тај-брејк победа за Пелистер волеј сезонава во третиот ваков натпревар за нив во најсилната женска лига, откако со 3-2 (25-18, 16-25, 25-21, 22-25), ги совладаа одбојкарките на Газели волеј во Битола, во последниот меч од осмото коло.
Во дербито на дебитантите во прволигашкото друштво противниците одиграа одличен натпревар, интересен, неизвесен, со убави поени и тактичко надмудрување.
Во решавачкиот сет домаќинот влезе фуриозно со 7-1, односно 8-2 на промена на страните и потоа мирно дојде до победа од 15-8, или вкупно трета радост во првенството.
Шај Мекги до 22 поени беше најефикасната во редовите на Пелистер Волеј, додека Симона Стојановска имаше 8 поени. Кај Газели Волеј, Теа Терзиевска постигна 22, следена од Мила Дикова со 14 поени.





