Одбојкарките на Пелистер волеј со пораз ја отворија 2026 година. Победнички старт на полусезоната за шампионот Јанта волеј, кој на домашен терен со 3-1 (21-25, 25-17, 25-21, 25-16) го победи Пелистер волеј.
Тимот од Битола имаше сигурно отворање на дуелот и поведе со 0:1 во сетови, но одбојкарките на Јанта со пресврт стигнаа до трите бода.
Со овој натпревар беше комплетирано 10. коло од Првата лига жени.





