Во најинтересниот натпревар во рамките од третото коло во Првата женска одбојкарска лига, одбојкарките на победникот на Купот на Македонија, Наковски волеј, по голема борба и пресврт со 3-2 дојдоа до победа над Пелистер волеј.
Битолскиот тим, и покрај статусот на дебитант, уште еднаш потврди дека ќе биде незгоден ривал за сите противници. Гостинките имаа водство од 0-2 во сетови, но не успеаја да приредат изненадување. Наковски Волеј заигра поквалитетно и направи комплетен кам-бек и да ја задржи позитивната серија во домашното првенство.
Следниот викенд во натпревар од четвртото коло Пелистер волеј го пречекува Младост УГД од Штип.





