Женската одбојка доби нов посериозен проект, а тоа се очекува да биде Пелистер Волеј. Со нов генерален спонзор и добра позадина одбојкарскиот тим од Битола се очекува бргу да се наметне во борбата за трофеите во мак-одбојката.
По примерот на многу други клубови во останатите спортови, Пелистер Волеј објави продажба на сезонски билети за 2025/26. Клубот преку социјалните мрежи потврди дека на повеќе места во Битола ќе се продаваат сезонските карти за заинтересираните навивачи.
Од Пелистер одредија цена од 1.000 денари за сезонски билет со кој ќе може да се гледаат сите средби во регуларниот дел од првенството и плеј-офот.





