Пелистер го освои Чаир, прва сезонска победа за Новаци

Викенд на победи за гфудбалерите на Пелистер и Новаци во Втората фудбалска лига.

Пелистер на гостувањето кај Шкупи демонстрираше сила и победи со 4-0, иако триумфот можеше да биде поубедлив. Двоен стрелец беше Симе Христов, по еднаш погодија Јорданчо Наумоски и Кире Стојанов.

Прва овосезонска победа извојува тимот на Новаци, кој пред својата публика со сигурни 3-1 славеше над Детонит Плачковица. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Јовановски Стефан и Никола Талески (2).