
Фудбалерите на Пелистер го претрпеа вториот пораз во сезоната. Иако поведоа по само десет секунди, загубија од новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров со 2-1 (1-1).
Гостите од Битола поведоа уште во 2. минута поведоа. Ристиќ го проигра Булатовиќ, кој излезе сам пред Јанков и со лоб удар успеа да го совлада.
На средина од првиот дел Македонија ЃП израмни. Гереро влезе во шеснаесетникот на Пелистер, Спировски стартуваше врз него, направи прекршок, и беше покажан пенал. Христов го реализираше успешно по средината на голот.
Вториот дел почна со уште една добра шанса на Пелистер. Шутираше Ристиќ, Јанков одби до Ристовски, кој од добра позиција шутира само крај голот. Казната стигна во 66. минута. По една мешаница пред голот на Јовчевски, најпрво се обиде Елмас, голманот на Пелистер кратко одби до Гереро, а овој успеа да постигне гол.
До крајот на мечот Пелистер се обиде да извлече бод, но Македонија ЃП успеа да се одбрани и така да ги освои бодовите од овој меч.
Следниот натпревар на пелистерци е дуелот од првото коло на Купот на Македонија. в среда попладне во Тетово против второлигашот Тетекс.





