Пелистер им се заблагодари на Прајс и Вилсон

Во новата 2026 година КК Пелистер влегува без двајца американски кошаркари кои ги бранеа боите на Пелистер во првиот дел од сезоната. Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, двајцата кошаркари задолжени за плејмејкерската и бековската линија повеќе не се дел од КК Пелистер.

„Вилсон и Прајс одиграа добри натпревари во историскиот премиерен настап на Пелистер во европските натпреварувања на ФИБА, но во новата година тие повеќе нема да бидат дел од нашиот клуб. „Зелено-белото“ семејство им се заблагодарува на Си-Џеј и на Остин за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите. Воедно, им посакуваме многу среќа во нивните следни клупски ангажмани“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

Првиот натпревар во 2026 година Пелистер го игра на 24 јануари против Работнички во Битола.