Пелистер со пораз се враќа од гостувањето кај Работнички

Во текот на вчерашниот ден се одигра вондредно 5.коло од ПМФЛ , каде пелистерци гостуваа кај скопски Работнички.Иако Пелистер беше фаворит на хартија на овој натпревар, сепак се покажа спротивното, односно зелено-белите одиграа еден лош натпревар и загубија на гостински терен 3-0.

Пелистер започна млитаво, и недоволно организирано, па екипата на Работнички ги искористи грешките на одбраната на зелено-белите и во 31 минута од натпреварот Кадриу го отвори резултатот за 1-0, а пред крајот на првото полувреме скопјани го зголемија водството на 2-0 со голот на Трајков.

Во второто полувреме, се очекуваше Капинковски да го консолидира тимот, но не успеа во намерата, а Работнички постигна уште еден гол за конечни 3-0 и втор погодок на Кадриу.

Во следното коло Пелистер го пречекува тимот на Башкими од Куманово на 23.09.2025 во 15:30ч и се надева на прва домашна победа оваа сезона.