По важната победа против Спартак, ракометарките на ЖРК Пелистер немаа сили за подвиг против ЖРК Куманово во рамките на седмото коло на Суперлигата.
Тимот на ЖРК Куманово славеше со 24-17 (14-10), во меч во кој водеше шеесет минути.
Ангела Шехтанска беше предводничка на составот на Славиша Димитријески и успеа да постигне седум гола во противничката мрежа. Покрај неа за домашниот состав Ѓорѓиевска постигна четири гола, а во гостинскиот состав пет гола постигна Елмазовска.





