Пелистерки ќе играат со ЖРК Ѓорче Петров во полуфиналето на Купот

Денес беа формирани двојките за полуфиналните мечеви во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со ЖРК Пелистер додека ЖРК Чаир ќе излезе на мегдан со екипата на ЖРК Спартак. Тоа значи дека скопските екипи кои се главните кандидати за пехарот, се разминаа во елиминацискиот дел.

Мечевите од полуфиналето ќе бидат реализирани на 18 април во салата „Парк“ во Струмица додека финалето ќе биде ден потоа на истата локација.