Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на шампиони. Во седмото коло, во Битола, македонскиот првак го победи ПИК Сегед со 25-24.
Одбраната на Пелистер, особено во првиото полувреме, на крајот беше клуч за победата.
Играчот на натпреварот Жарко Пешевски со седум гола од толку обиди го предводеше Еурофарм Пелистер до победата,
„Овие неколку дена живеевме како едно семејство, знаевме дека меѓу нас владее една атмосфера која мора да ја искористиме. Плус 4.000 грла нè водеа шеесет минути, максималн почитувавме тактика и договор. Победата ја заслуживме. Секоја чест за ПИК Сегед, но ние имавме свој ден. Никој не се предаваше – кога некој ќе паднеше на под, сите му подававме раце“, изјави Пешевски.
Битолчани до крајот на европската 2025 година гостуваат во Сегед и Загреб и го пречекуваат Магдебург.





