Битолски Пелистер ремизираше на својот прв тест за време на подготовките во Анталија.
Битолчани одиграа без победник со српскиот суперлигаш Спартак Суботица (2-2). Натпреварот беше решен комплетно уште во првото полувреме кога беа постигнати сите четири погодоци.
Стрелци на головите за Пелистер беа Здравевски во 38. минута и Петровиќ во 42. минута на средбата.





