Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, во среда во Битола го пречекува можеби најатрактивниот ривал во рамките на Лигата на шампионите – каталонскиот тим на Барселона.
Денес од Еурофарм Пелистер објавија дека билетите за мечот биле распродадени за рекордни ОСУМ минути, што само докажува колкав е интересот за мечот на „зелено-белите”.
Тие досега покажаа одлична борба на теренот со претходните ривали, па сосема очекувано ќе ја добијат поддршката од домашната публика и навивачката група Чкембари и за дуелот со Барса.
Дуелот Еурофарм Пелистер – Барселона е закажан за 15 октомври во 20:45 часот во Битола.





