Србинот Лука Милојевиќ трето засилување за Пелистер оваа зима

Битолскиот среден ред во вториот дел на сезоната во Првата фудбалска лига ќе биде посилен за Лука Милојевиќ, српски фудбалер за врска, кој доаѓа во Пелистер на позајмица од Раднички Крагујевац, Се работи за 22-годишен фудбалер, кој во првиот дел на сезоната одигра 17 натпревари на позајмица во Вршац.

Се работи за енергичен и поливалентен фудбалер, кој сметаме дека ќе биде од голема помош за остварување на нашите цели.

Милојевиќ веќе е во Битола и ќе им се придружи на своите нови соиграчи во тренажниот процес.