Стојановска: Ако го задржиме ова ниво, не се сомневам во победите

Можеби во некоја друга ситуација поразот од Јанта волеј ќе ги раочараше одбојкарките на Пелистер волеј, но оној пораз во четири сета во понеделникот само ги охрабри.

Репрезентативката Симона Стојановска смета дека со ваква игра многу ривали ќе загубат од битолчанки.

„Сакам да се заблагодарам на публиката што дојде во голем број да нè поддржи. Сепак, игравме против шампионот години наназад и екипа која се натпреварува во финалните натпревари во секоја категорија. Се надевам дека ќе нè гледаме во ова издание и на следните натпревари. Не треба да се разочаруваме по овој пораз, играта беше навистина добра. Ако го задржиме ова ниво и во наредните натпревари, не се сомневам дека победите ќе си дојдат против екипи кои не се шампиони“, рече Симона Стојановска.

Во следното второ коло Пелистер волеј в понеделник ја пречекува екипата на Ускана.