Актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер се соочува со нови проблеми, откако Домен Тајник морал итно да биде опериран во Битола.
Пелистер соопшти дека Тајник бил хоспитализиран и му била извршена хируршка интервенција на слепото црево.
Словенечкиот ракометар го очекува пауза, но засега не е познато кога ќе се врати на ракометните терени.
„Брзо заздравување Домен, ние сме со тебе. Домен Тајник денес беше успешно опериран од слепо црево во болницата во Битола“, соопшти Еурофарм Пелистер.





