Трето засилување за пелистерки, потпиша голманката Симона Спиркоска

ЖРК Пелистер го доведе третото засилување ова лето. Се работи за млада ракометарка која ја засилува голманската позиција. 18-годишната Симона Спиркоска од штипски Астибо доаѓа во Битола и се обрвза на едногодишен договор. Спиркоска доаѓа од прилепската ракометна школа. но афирмација доживеа во Штип.

Претходно суперлигашот од Битола ги доведе Невена Бундоска од Деспина и Ана Стојчевска, поранешна ракометарка на Младост Ресен.

Новата сезона во женската Суперлига започнува во средината на септември.