Македонија освои 35 медали од кои 7 златни, 5 сребрени и 25 бронзени на Балканскиот кик-бокс куп „Трофеј на Белград“.
Македонија е вroра во вкупниот пласман, прва е Србија со 94 медали – 26 златни, 29 сребрени и 39 бронзени. Битолските каратисти од КБК Енерџи освоија вкупно шест медали – пет бронзени и еден златен.
Марегона Зенуни – бронза
Леонид Наумов – бронза
Димитар Димевски – бронза
Давид Елмазов – бронза
Петар Лозановски – бронза во категоријата до -63 кг. и злато во категоријата до -57 кг.
Особено внимание привлече и настапот на Марија Димовска, која денес ќе настапи во големото финале на гала вечерта.





