Според официјалното соопштение на клубот, Бојан Давков се повлече од функцијата претседател поради лична одлука.
Јован Кузмановски е познат кошаркарски работник и доаѓа со јасна визија за финансиска стабилност и спортски резултати, а со него раководството го сочинуваат спортскиот директор Предраг Созовски и тренерот Тане Спасев.
„Сакаме пехар за битолчани, сакаме полни трибини. Ги сакаме „Чкембари“ со нас на натпреварите, со нивното навивање Пелистер го носат напред“, изјави Кузмановски.





