Едвин Џелиловиќ се адаптира на атмосферата и средината во тимот на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла со клубот потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања.
„Изненаден сум колку градот е жив, колку живее за ракомет и навистина ми се допаѓа се откако дојдов нема ниедна маана, се е супер, од соиграчи до тренер. Не треба да трошам зборови за Лино Червар и сите луѓе околу него. Лигата е силна, има четири конкуренти, но ние ќе дадеме се од себе да бидеме подобри и да ја вратиме титулата кадешто припаѓа, во Битола. Исто така ја имаме и Европа, играме во силно натпреварување, Европската лига.“, изјави Џелиловиќ.
Босанското крило ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминираше во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 69 килограми, а во поселдните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.





