Бокс-спектакл овој викенд, се возобновува „Битолски победник“

Во сабота, со почеток во 16:00 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе се одржи 15. меѓународен боксерски турнир „Битолски Победник“.

На овој спортски настан ќе учествуваат боксерски екипи од Македонија и од земјите на Балканот, меѓу кои и нашите битолски шампиони од клубот Пелистерски Јунак, носители на златен и сребрен медал од Отвореното балканско првенство во Босна и Херцеговина.

Со ваквите спортски успеси уште еднаш се потврдува потребата од создавање подобри услови за развој на боксот во нашиот град. Затоа, во тек е изградбата на новата боксерска сала, која ќе обезбеди современи услови за тренинг и натпревари на младите битолски боксери.