КК Пелистер ги пушти сезонските билети, првите сто ќе добијат и подарок

Кошаркарскиот клуб Пелистер ги пушти во продажба сезонските билети за 2025/26, сезона во која нашиот клуб ќе се натпреварува во домашното првенство, но и ќе дебитира на европската сцена во рамките на групната фаза од ФИБА Европа Купот.

Цената на сезонските билети изнесува 4.000 денари, со што нашите верни битолчани ќе можат да ги следат сите домашни средби на КК Пелистер од почетокот до крајот на сезоната, во Суперлигата, плеј-офот и во ФИБА Европа Купот.

Воедно, најбрзите 100 навивачи кои ќе купат сезонски билети, ќе добијат и подарок – маица од КК Пелистер. Премиерниот меч на домашен терен го играме веќе в петок против екипата на Чаир, а сезонските билети ќе можат да се купат во билетарата на салата „Боро Чурлевски“ пред почетокот на овој натпревар.
Билети исто така ќе можат да се набават во тобако “ZIKS” спроти гроздот започнувајки од Петок.

Индивидуалните билети за суперлигашките натпревари ќе бидат по цена од 150 денари по натпревар. Управата најави дека праксата за делење гратис билети повеќе нема да се применува.