Екипата на Пелистер Волеј е освојувач на турнирот во организација на битолскиот прволигаш.
Пелистер Волеј во финалната средба ја совлада екипата на УГД Младост од Штип со 2-1 (25-13; 21-25; 15-10) во еден возбудлив и многу содржаен натпревар.
Претходно со 2-0 Пелистер волеј ја совлада екипата на СД Врање 1093, а со идентичен резултат заврши УГД Младост и Струмица Жени. Во малото финале Струмица жени ја совлада екипата на СД Врање 1093.





