Второлигашот Новаци го претстави своето прво летно засилување. Нов член на новачани е 24-годишниот Петар Гугуљанов, кој ќе го засили тимот пред стартот на новата сезона.
Гугуњанов во Новаци пристигнува по една сезона мината во Кожув, каде што работеше токму со новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски. Со овој трансфер, играчот за врска станува и првото засилување што Варадиновски го носи во својот нов клуб.
Младиот фудбалер потекнува од школата на Вардар, а во досегашната кариера настапуваше и за Беласица, пред минатата сезона да го облече дресот на Кожув.
Во Новаци веруваат дека Гугуљанов со својот квалитет и искуство ќе биде значајно засилување во амбициите на клубот за успешна сезона во Втората македонска фудбалска лига.





