Според најавите Работнички ќе биде сериозно ослабена на стартот на новата сезона во Суперлигата, бидејќи во првото коло против Пелистер ќе настапи без четворицата странски играчи ангажирани во летниот преоден рок.
Причина за тоа е суспензијата на ФИБА за регистрација на странци, изречена поради шест пријави од поранешни кошаркари и функционери за неисплатени обврски. Со тоа, најтрофејниот македонски клуб е принуден да настапи исклучиво со домашни сили во воведното дерби. Проблемите влијаеја и врз терминот на натпреварот. Наместо во понеделник „центарци“ се решија да играат в недела од 15 часот во СРЦ „Кале“.
Челниците на Работнички се надеваат дека до второто коло и дуелот со градскиот ривал ТФТ ќе биде надмината административната пречка и странците ќе можат да се појават на терен.





