Четири златни медали за кик-боксерите на КБК Самурај од Битола на „Балкан опен“ во БиХ

Викендов во Тешањ, Босна и Херцеговина се одржа деветнаесеттиот Европски Куп „Балкан опен“’, на кој учествуваа 428 кик-боксери од 12 земји од 79 клубови. Кик бокс клубот КБК Самурај од Битола настапи со тројца натпреварувачи и освои четири златни медали.

Два златни медали освоија Леа Бошевска во категории KL -50 кг. и LC -50., Дамјана Пеовска освои злато во категорија KL -70кг и Мила Мартинез Крстиновска во категорија KL -55 кг.

Тренерите на Самурај, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, се задоволни од настапот на борците и ни изјавија дека ова е само почеток на есенскиот дел од натпреварите, бидејќи, како рекоа им претстојат уште два големи турнири, и тоа во ноември во Словенија и декември во Ниш, Србија.