Антонио Каранфиловски и Теодора Марковска од Македонија победници на трката од 42 километри на „Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“

Победници на ултра маратонската трка „Ветерница Маратон“ на 54 километри, која стартуваше утрово во ски центарот „Нижеполе“ над Битола, во рамките на „Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во организација на истоименото здружение од Битола, се Антони Каранфиловски со време 4:38:13 часа и Теодора Марковска со време 6:47:16 часа.

Второпласиран во машка конкуренција е Љубен Кочев од Македонија, а на трето место е Паул рандион од Франција. Во женска конкуренција второ пласирана е Јована Софрониевска, а на трето место Колете Рот – двете од Македонија. Победник во машка конкуренција во трката „Неолица полумаратон“ на 21 километар е Мартин Нилсон од Шведска со време 1:39:57 часа. Второпласиран е Димитар Кочовски, а на трето место е Камил Сиеплу од Полска.

Во женска конкуренција победничка е Елена Каранфиловска со време 2:18:58 часа, второпласирана е Александра Танасоска, а на трето место Олга Ристевска, сите од Македонија.

Во најмасовната трка која учествуваа повеќе од 100 тркачи “Бабин заб“ во должина од 9 километри победник во машка конкуренција е Стефан Ѓорѓевиќ со време од 49:45 минути. Второ пласиран беше Николче Пановски, а на трето место Димитар Колоски. Во женка конкуреција победничка е Милема Чкипеска со време 58:09 минути. Второ пласирана е Александра Оровчанец, а на трето место е пласирана Тијана Спировска.Настанот на „Нижеполе“ и прогласувањето на победниците помина во одлична организација во секој поглед, а беше организиран како и на сите големи ултра маратони во светот, а присутние имаа причика да се дружат и забавуваат со водителот Марко и ди-џеј.

„Ова е петто издание на „Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кое се одржува на падините на Баба Планина, а повторно наша спортска база е ски центарот “Нижеполе“ со кој стопанисува “Стрежво“. Оваа година имавме 260 тркачи кои одлично, по убаво време ја исрчаа патеката, а победија најдобрите на кои им честитаме“, вели Ненад Лазиќ кој напомена дека посебно е среќен што сите натпреварувачи ги истрчале патеките без повреди.

На вториот ден на „Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ е закажана детска „Trailko“ трка на живописната стаза на падините на Баба планина, „Нижеполе“, кај Битола, каде ќе трчаат деца распоредени во категории според возраст и пол кои на крај ќе добијат медали и подароци.Според организаторите утре на „Trailko“ ќе трчаат повеќе од 150 дечиња.