Спорт без бариери: Современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт

Во Битола во просториите на Јуроп Хаус се одржа завршната конференција од проектот на Европслата унија. Општа цел на проектот „NO1BEHIND“ или „НИКОЈ ЗАД“ е да се зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот за порамноправни општества каде што секој може да го достигне својот целосен потенцијал.

Координатор на проектот е Гордана Цветковска Бошевска – Центар за активни млади – Битола во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија. На конференцијата беше презентиран Прирачник со искуствата и препораките на сертифицираните тренери за спорт со попреченост од проектот и истиот ги содржи основните практични методолоогии, принципи, адаптации и примери што можат да се применат во различни спортови и физички активности за лица со различни видови на попреченост.

Конференцијата предизвика големо внимание кај децата и кај родителите со деца со попреченост и истата беше посетена од 85 лица.