Арабел Рустемовски освои бронза на Европското јуниорско првенство во бокс

Младиот македонски боксер, Арабел Рустемовски забележа голем успех на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија.

Битолчанецот од овој шампионат се враќа со бронзен медал, што е негов најголем успех во кариерата, а и еден од најголемите на неговиот клуб Пелистерски Јунак.

По двете победи без загубен поен, Рустемовски беше сопрен во полуфиналето од боксерот од Ерменија, Владимир Мшецјан со резултат 4-1.

Овој медал е уште еден доказ за неговиот талент и напорна работа под водство на својот тренер Јове Петровски, како и професионалностa која што ја покажува на толку млади години.