Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Ерменија од квалификациите за ЕП 2027.
Цената на влезница изнесува 200,00 денари. Натпреварот Македонија – Ерменија од 3. коло во групата за пласман на ЕП 2027 ќе се одигра на 10. октомври на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Ова е вторпат во низа Македонија У21 да игра во Битола, по мечот со Италија У21.





