„Вечното дерби“ ќе има хуманитарен карактер

Пелистер ќе му биде домаќин на Вардар во „вечното дерби“ во Битола во рамки на Првата македонска фудбалска лига, а раководството на клубот се реши за хуман потег.

Целиот приход од билетите за вечното дерби ќе биде дониран на семејството на човекот кој не беше само кошаркарска легенда, туку и голем љубител на сите спортови и верен поддржувач на зелено-белата фамилија – Зоран Петковски – Петкото.

Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба онлајн и во физичка продажба.

Физичка продажба на билети ќе има во ДИМПО Тобако и на билетарницата на стадионот „Петар Милошевски“ на денот на натпреварот.