Второлигашот Новаци го одбележа викендот во Втората лига и извојуваа највисока победа во рамките на 11. коло.
Новаци го декласира фенерџијата Големо Коњари со 7-0. Петар Љамчевски, Мартин Андоновски, Андреј Сиљаноски, Стефан Јовановски, Иванчо Јовановски, како и автоголовите на Табаковиќ и Белески ја донесоа оваа убедлива победа за домаќинот.
Со оваа победа тимот на Дарко Крстески изби на осмото место со 16 бода.





