Доне Ристовски од Гевгелија ќе ја дели правдата на дуелот од 10. коло на Првата фудбалска лига меѓу Пелистер и Тиквеш. Овој натпревар ќе се игра под светлото на рефлекторите в четврток од 17:00 часот.
Пелистер – Тиквеш
Градски стадион „Петар Милошевски“ Битола (Битола) | 30 октомври (17:00 часот)
Судија: Доне Ристовски (Гевгелија)
помошен судија: Дино Конески (Прилеп)
помошен судија: Роберт Црвенов (Велес)
Четврти судија: Боби Величков (Велес)
ВАР: Никола Костенчев (Скопје)
АВАР: Дарко Видиниќ (Скопје)
Оператор за повторување на снимка: Диме Димовски (Скопје)
Делегат: Хајро Бабачиќ (Скопје)
Контролор: Сашо Лазаревски (Куманово)
Битолчанецот Благојче Ралевски ќе ја дели правдата на дуелот Шкупи – Струга Трим Лум.





