Марија Јанкуловска и Емилијана Ризовска номинирани за ракометарка на годината

Ракометната федерација на Македонија објави дека годинава ќе се избира најдобра ракометарка, по избор на навивачите и публиката.

Во конкуренција се наши репрезентативки и главно ракометарки кои играат во домашниот шампионат. Меѓу номинираните се и битолчанките: Емилијана Ризовска и Марија Јанкуловска, кои играат за скопските суперлигаши.

Победник ќе биде онаа ракометарка што ќе добие најмногу „лајкови“ на неговата фотографија на официјалната веб-страница на федерацијата.