Откако во првенството загубија на домашен терен од ЖРК Куманово пред повеќе од еден месец, сега ракометарките на ЖРК Пелистер се надминаа себе си, и со триумф од27-26 изборија место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија. По два порази во првенството, сега ЖРК Пелистер триумфално го заврши мечот со Куманово.
Таму ќе ги чека ЖРК Чаир, Спартак и една екипа на Ѓорче Петров. Дополнително ќе се извлечат полуфиналните двојки. Познато е само дека полуфиналињата се играат на 18 април, а финалето е ден подоцна
Иако се во долниот дел од табелата во женската Суперлига, битолчани уште од самиот почеток на средбата ја имаа предноста, иницијативата и н акрај се радуваа на победа што ќе им донесе шанса во Струмица да се борат за Куп трофејот. Иако таму ќе бидат аутсајдери, во зависност од ждрепката може да се надеваат и на финале.
Какошто течеше натпреварот разликата постојано беше во корист на ЖРК Пелистер, и немаше дилеми кој ќе победи. Во 52 минута домашните водеа со 25-19 и се насмевнуваше победата.
Ако битолчанки мислеа дека ќе им биде лесно, во самата завршница гостинките намалија на 27-25, а потоа на 90 секунди до крај и на само еден гол негатива, 27-26 правејќи ги последните напади, важни и без можност за грешка. На 15 секунди до крај домашните се изборија за пенал, кој голманот на гостите го одбрани, ама во напад кумановски направија чекори и пропадна шансата да се шутираат пенали.
Анастасија Тодоровска со 11 гола беше најпрецизна кај домашните Данела Шиниковска постигна 7 гола. Кај гостинките девет гола даде Аманда Стеин.





