Немања Здравковиќ изрази големо задоволство после победата над Работнички во Првата македонска лига (4-1), со која „зелено-белите“ покажаа дека се сериозни во намерата да обезбедат опстанок во елитата.
Пелистер одигра одличен меч и комплетно ги надигра „романтичарите“, кои немаа многу причини за радост на гостувањето во Битола.
„Знаевме што можеме да очекуваме, тежок меч на стартот од полусезоната. Многу ми е драго за целата екипа и за нашите навивачи, се прикажавме во добро светло и остваривме значајна победа која може да биде силен „ветер во грб“ за следните предизвици.
Имаше и Работнички свои шанси, не беа воопшто за потценување, но ние успеавме да ја оствариме мисијата. Сакаме да оствариме повеќе победи за да се пласираме на погорните позиции на табелата. Нам ни останува да работиме напорно и да бидеме уште подобри на следните натпревари“, заклучи Здравковиќ.
Пелистер со оваа победа стигна до вкупно 19 бодови, или два помалку од Тиквеш, кој е прв над опасната зона во Првата фудбалска лига.





