Пелистер волеј загуби добиен сет и без бодови се враќа од Штип

Одбојкарките на Пелистер волеј го претрпеа вториот пораз по ред оваа пролет, трет во вториот дел на шампионатот. Подобри беа одбојкарките на Штипски Младост УГД и запиша убедлива победа со 3-0 (25-16, 26-24, 25-12) во дуелот кој го отвори 13. коло во Првата женска одбојкарска лига..

За разлика од првиот меѓусебен меч во Битола, во кој победникот беше решен во тај-брејкот, сега домашниот тим беше сигурен. Штипјанки одиграа дисциплинирано и борбено од самиот почеток, а своето искуство особено го покажаа во вториот сет. Иако противникот имаше солидна резултатска предност и на моменти ја презеде иницијативата, домашната екипа остана смирена, концентрирана и покажа вистински карактер кога беше најпотребно.

Пелистер Волеј пропушти +6 во вториот сет и подоцна не се врати во игра и лесно го загуби натпреварот.