Ивановски: Потребнo ни е заедништво и сплотеност во тимот

Екипата на Пелистер неочекувано влезе во една долга црна криза, и има неочекувани 4 порази по ред, па затоа денеска капитенот Мирко Ивановски даде своја изјава за медиумите.

,,Како капитен сочувствувам со нашите навивачите во овој тежок момент за нашиот клуб и чувствувам потреба да им се обратам. Неочекувано западнавме во кризен период на игра и резултати и потребна ни е сплотеност и заедништво да излеземе од кризата.Се соочуваме со проблеми од разен тип, меѓу нив и повреди, но ако сме сите заедно верувам дека ќе излеземе од негативниот момент.Очекувам поддршка за оваа млада екипа, затоа што сезоната е долга, а во неа имаме многу цели за исполнување.”

,,Сакам да им го честитам почетокот на прославата на 40-годишнината на навивачката група „Чкембари“ и ветувам подобри денови. Овој роденден се поклопува со 80-от роденден на нашиот клуб и убеден сум дека заедно ќе славиме сезонава.”

Пелистер во следното коло гостува кај екипата на Струга Трим и Љум, и тоа ќе биде уште едно тешко гостување за момците на Капинковски.