Керим: Многу значајна победа, има одлична хемија меѓу нас

По скоро три месеци Пелистер победи во Првата лига и вторпат сезонава беше подобар од Брера Струмица. Голот со глава на Керим ја направи разликата во облачното битолски попладне.

Вилдан Керим, кој се зацврсти во стартниот тим, по победата рече.

„Постигнав убав и значаен гол. Среќен сум за голот, но посреќен сум за победата, Оваа победа премногу ни значи. Имавме тешка криза и се надеваме на подобри резултати по паузата,

Ни беше падната самодовербата, се надевам дека сега ќе ја подигнеме. Ме радува тоа што има хемија меѓу нас. Имаше и против Вардар, а и играта беше добра. Секој натпревар навивачите ни требаат – колку се побројни, толку кај нас жарот е поголем“.

До крајот на полусезоната екипата на Милан Стојановски ги пречекува Македонија ЃП и Работнички и гостува кај Шкупи и Арсими.

ФОТО: ФК Пелистер