Новаци продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најново име во тимот е искусниот дефанзивец Мартин Димоски.
Димоски пристигнува од редовите на Брегалница, каде минатата сезона беше дел од тимот што обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига. По завршувањето на соработката со штипскиот клуб, тој се одлучи за нов предизвик во дресот на Новаци.
Станува збор за фудбалер со богато прволигашко искуство, кој треба да донесе сигурност и лидерство во одбраната на амбициозниот второлигаш во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Димоски е петтото засилување на Новаци ова лето. Претходно пристигнаа Стефан Спироски, Андреј Сиљаноски, Кирил Стојков и Петар Гугуљанов.





