Пелистер убедливо поразен од Паниониос во првиот тест во претсезоната

Пелистер го одигра првиот контролен натпревар во рамките на летните подготовки, но битолскиот второлигаш претрпе убедлив пораз од грчки Паниониос со 8-0.

Новиот тренер Христов го искористи пријателскиот натпревар за да им даде можност на сите фудбалери што ги има на располагање, а минутажа добија и неколку таленти од младинската школа, кои беа приклучени на подготовките на првиот тим.

Иако резултатот е убедлив во корист на грчкиот состав, стручниот штаб на Пелистер повеќе беше насочен кон проверка на формата, воигрувањето на тимот и распределбата на минутажата, отколку кон самиот резултат.

За битолчани ова беше прва контрола во подготвителниот период, а во наредните натпревари се очекува тимот постепено д