Митревски и Тодоровски ќе им судат на Киелце и Динамо Букурешт

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги делегираше судиите за новото коло во Лигата на шампионите, а еден македонски пар ќе дели правда во оваа рунда.

Битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе бидат дел од мечот меѓу полски Киелце и романски Динамо Букурешт во елитното друштво. Дуелот се игра в четврток во Полска.

Митревски и Тодоровски добија големо признание и ќе судат и на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка во јануари 2026 година.