Стојановски: Шкупи заслужува повеќе од еден бод, нам добро ни дојде победата над Брера

По победата против Брера се враќаат клупските обврски и шеснаесет дена по победата против струмичани фудбалерите на Пелистер гостуваат кај Шкупи на неутрален терен во Струга.

Со оптимизам и добра енергија во тимот Милан Стојановски го подготвува дуелот со „фенерџијата“ во лигата.

„Многу ни е полесно по победата во претходното коло. На момците им дадовме три дена пауза за да се одморат, имавме четири тешки натпревари. Сега нè стигна заморот, и имаме мали проблеми со повреди. Но, тоа е составен дел од овој спорт. Ќе добијат шанса некои момци кои не биле во прв план досега. Одиме меч по меч. Шкупи заслужува повеќе од еден бод колку што има во моментов. Шкендија имаше доста проблеми со нив минатото коло. Нè очекува тежок меч“, рече Стојановски.

Натпреварот меѓу Шкупи и Пелистер се игра во Струга, во вторник од 13:00 часот, a главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.

ФОТО: ФК Пелистер