Пелистерки немоќни во Чаир, лидерот слави со убедливи 21 разлика

Ракометарките на ЖРК Пелистер не беа рамноправен ривал и загубија од ЖРК Чаир со 33-12 (16-4).

Сестрите Хана и Рона Мифтари дадоа 15 погодоци, а им се придружи и Парагвајката Фиоре со четири за рутинската победа.

Анастасија Тодоровска имаше седум гола за ЖРК Пелистер, но немаше голема поддршка од своите колешки на теренот.

ЖРК Чаир сега е прв на табелата со 14 бода, а ЖРК Пелистер е на седмата позиција со два бода.