Пелистер по двете ремија во првите две кола сега врза и две победи и откако во минатиот викенд ја совлада Македонија Ѓорче Петров, денеска беше и подобар од Работнички со 2-0. Дебармааллци пак кои имаа две страрни победи го доживеаја првиот неуспех.
Резултатот во Битола беше отворен по само четири минути кога Христов погоди за 1-0. По нешто помалку од половина час игра, Пелистер доби најстрога казна која во гол ја претвори Мартин Мирчевски.
По првите четири кола битолчани имаат осум освоени бода.





