Битолската гордост, екипата на Пелистер денеска ја имаше првата прозивка, со која и официјално започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Главна цел за Пелистер ќе биде опстанокот во ПМФЛ, а се очекува многу од екипата која е на пат да добие и стабилен финансиер од Канада.
Подготовките ќе бидат поделени во две фази. До 17 јануари, експедицијата ќе тренира во Битола, а потоа се сели во Анталија на подготовки од две недели. Екипата ќе одигра и три контролни натпревари: против Спартак Суботица (Србија), Железничар (БиХ) и Невбахор Наманган (Узбекистан).
Од Пелистер најавуваат дека во меѓувреме раководството работи и на играчкиот кадар, и наскоро ќе бидат објавени оние играчи кои ќе заминат, како и оние кои ќе дојдат во таборот на „зелено-белите“.





