Новаци продолжува да гради конкурентен тим со кој ќе се обиде да им ги „помрси“ сметките на фаворитите во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Во Новаци пристигна и третото летно засилување, кое е добро познато на фановите. Во тимот се враќа младиот Андреј Сиљаноски, фудбалер кој што дресот на Новаци го носеше и во втората половина од ланската сезона.
Но, тогаш беше на позајмица од Пелистер, додека сега младиот офанзивец си подаде рака со раководството на клубот и потпиша договор најмалку до крајот на сезоната.
Со овој трансфер Андреј ќе добие поголема минутажа и дополнително искуство кое ќе му помогне во неговиот понатамошен развој. Сиљаноски е дете од школата на Пелистер, а како сениор досега настапи на три средби во зелено-белиот дрес.
Претходно во Новаци пристигнаа Кирил Стојков и Петар Гугуљанов од Кожуф.





